НАЈНОВИ ДЕТАЛИ: Познат идентитетот на убиените во Топанско, пронајдени чаури од автоматска пушка

Двојно убиство се случило ноќва во скопската населба Топанско Поле.

Од полицијата за Курир велат дека добиле пријава во 02:35 за пукање на бул.„Македонско – Косовска бригада“.

-По излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници, било пронајдено патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки и две лица кои не давале знаци на живот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт кај двете лица, велат од МВР за Курир.

Утврдено е дека убиените се двајца скопјани, А.Б. (28) и Б.В. (24). Полициските екипи на местото на двојното убиство пронашле чаури од пиштол и автоматска пушка.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.