Најнова состојба на патиштата во Македонија

Задолжително прочитајте ги советите за безбедно и одговорно учество во сообраќајот.

Обновено: 07.01.2016 година во 23:45 часот.

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ:

Сообраќајот на патниот правец Куманово - Св.Николе и обратно, сеуште е во прекин за сите видови возила.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА:

На планинскиот премин Плетвар, како и на патните правци Маврово – Дебар и Кочани – г. п. Делчево сеуште важи забраната за движење на тешки товарни возила.

 ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ:

Поради врнежи од снег затворени се за сообраќај патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце.

ОТЕЖНАТ СООБРАЌАЈ:

На патниот правец Куманово – Крива Паланка сообраќајот се одвива отежнато поради наноси од снег.

СОСТОЈБА:

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите, по интервенција на екипите на Македонија Пат.

ВНИМАТЕЛНО:

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д. Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.       

 ЗИМСКА ОПРЕМА:

Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.