Најниска измерена температура утрово во Берово и Лазарополе

Најсвежо утрово било во Берово и Лазарополе каде била измерена најниска температура од 10 степени Целзиусови соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Следат Маврови Анови со 12 степени, 13 во Битола, Претор и Попова Шапка, 14 Скопје-Петровец, Струмица, Крива Паланка, Тетово, Охрид, 15 во Демир Капија,Прилеп, Дебар, 16 Куманово, Штип, Велес, 17 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Крушево, 19 во Виница и 20 степени во Гевгелија.

За изминатите 24 часа до 8 часот утрово, според податоците од дождомерните места на УХМР, најмногу наврнат воден талог има во Пожаране 8 л/м2, 2 во Струмица и по 1 л/м2 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Гевгелија, Тетово, Ѓуриште.