Најмудриот знак во хороскопот

Тие се во постојана потрага за мудроста. Тие се многу досетливи и можат да добијат информации за се што им треба и тоа доста објективно, затоа што емоциите воопшто не им пречат, а изгледа дека тие се секогаш над емоциите и кога говорат, секогаш ја говорат вистината.

Водолија

Водолијата е доста независна личност, а секој обид да ја задржите или да ја ограничите за нив претставува провокација за да избегаат. Тие треба да бидат слободни. Независноста не е само нивна желба, туку истовремено е и неопходна за нивната благосостојба и среќа.

Под навидум бесчувствителна надворешност се крие пријателско срце кое ќе се обиде на секој начин да им помогне на пријателите. Тие сакаат кога луѓето се смејат и се обидуваат да ги расположат луѓето и секогаш кога се чувствуваат добро настојуваат и другите да се чувствуваат добро. Тие не очекуваат ништо за возврат и ним им е важно никој да не се обидува да ја ограничи нивната сллобода и да можат да живеат без обврски. Тие се доста неконвенционални и секогаш полни со возбуда, а на нивните пријатели секогаш им го прават животот позабавен.