Најмоќните стихови на Балашевиќ: Ќе ти зборуваат за пловидба, тие што не кренале сидро

Денеска, на 19 февруари нè напушти една голема музичка легенда и неверојатен човек.

Но, секогаш ќе се сеќаваме на неговите стихови.

И да се појавеше за десет години, пак би стигнала во право време. Ретките ги наоѓаат ретките… Кога-тогаш.

Има тишини на кои се сеќавам повеќе отколку на најубавите зборови.

Постојат милион градови во кои можеш да заминеш, но само еден во кој можеш да се вратиш.

Ќе ти зборуваат за пловидба, тие што не кренале сидро.

 Бедно е пријателството кое останува како ситен кусур од крупните љубовни банкноти.

Таа, случајно, се омажи на 18 мај 1980. Да се омажеше за мене, веројатно, како вистински маж, понекогаш и ќе го заборавев тој датум. Вака, го запаметив засекогаш

Од накит имаше само очи.

Не се баравме, само се пронајдовме… А сега кога се пронајдовме, како пак да се бараме. Можеби тоа е смислата на љубовта, таа убавина на неизвесноста

Дали тоа навистина беа подобри денови или ние бевме тогаш подобри?!