Најмногу за телефонски и видео повици: Скоро 94% од граѓаните на Македонија користат интернет

Во првото тримесечје од годинава, 93,7 проценти од вкупното население во земјава на возраст од 15 до 74 години користеле интернет, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика за користењето на информациско-комуникациските технологии (ИКТ) во домаќинствата и од поединците.

Во истиот период, 91,2 проценти од домаќинствата имале пристап до интернет од дома.

Податоците укажуваат на широко распространета употреба на интернетот и дигиталните услуги во секојдневниот живот на населението, како и на висок степен на пристап до интернет во македонските домаќинства.

Интернет неколкупати во текот на денот користеле 81,2 проценти од населението, а исто толкав процент, нарачале или купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци .

Во косистењето на ИКТ најголемо учество од 93,5 проценти има телефонирањето преку интернет и видеоповиците (преку веб-камера и употреба на апликации како Skype, FaceTime, Messenger, WhatsApp, Viber и Snapchat).

Најголемо учество од 88.4 % има размената на пораки, главно преку Skype, Messenger, WhatsApp и Viber.