Најмалку 2.000 полицајци, хелихоптери, оклопни возила, специјални единици...во центарот на Скопје

Блокиран за сообраќај центарот на Скопје, пристигна претседателката на Европска Комисија Урсула Фон дер Лајен, се протестира пред Законодавниот Дом, а сето тоа поради францускиот предлог кој денеска ќе се најде на пленарна седница пред пратениците. 

На социјалните мрежи се алармира за зголеменот присуство на полицијата пред Собранието. 

-Македонската полиција останува на нивото на својата задача во заштитата на уставно загарантираното право на протест на граѓаните и, секако, на безбедноста на институциите и граѓаните, вели Спасовски, а еве што вели јавноста на социјалните мрежи. 

 Да се чуваш од сопствениот народ значи дека негде ептен си ја...

-Во потрага по изгубени дечиња не активираат хеликоптери, ама за Урсула...

-Најмалку 2000 полицајци во униформа има ангажирано денес во Скопје! Па дали сте нормални бе? Кого плашите?

-Фрчат хеликоптери, оклопни возила, марици, полиција, полицајци во цивилки, специјалци. На поголема спремност се отколку во 2001.

-Донесени полицајци во Скопје од цела Македонија со автобуси. Поставени оклопни возила за разбивање толпа пред Собрание. Сухои го прелетуваат Македонското небо.

-Уште подморници по Вардар да пуштат.

-Ангажирани се цела полиција и цела војска (редовните и резервните состави) цело воздухопловство, оклопни единици, специјални единици...Сѐ против народот