Најмалку 15 загинати во невремето во скопско

Вчерашното невреме кое ги зафати Скопје и околината однесе најмалку 15 жртви, потврдуваат од МВР за НОВА.

Жртви се потврдени во Арачиново и областа, Сингелиќ и Стајковци како најпогодени места од невремет.

Невремето во Скопје остави пустош зад себе

Вчерашниот пороен дожд и силен ветер во Стајковци и Синѓелиќ, предизвикаа одрони и свлечишта и ги поплави домовите и возилата.

Повеќе од 30 возила приближно час и половина беа заглавени на обиколницата кај селото, поради свлечиште што формирало насип, а водата влегувала и во автомобилите. Во Стајковци синоќа беа испратени припадници на војската и на специјалните единици.