Најмалите да ја научат љубовта кон животните: Хуманитарен базар во Зоолошката во Скопје

Хуманитарен Зоо базар ќе се одржи денеска во Зоолошката градина во Скопје поддржан од повеќе здруженија за заштита на животните, како и граѓански активисти.

Да помогнеме на нашите бездомни крзнени пријатели!, е мотото на базарот, во чии рамки ќе бидат поставени кутии за донации, а на влезот  штандови со сувенири, приврзоци, маички со животински принт.

Сите собрани средства од штандовите, ќе бидат наменети за спасување на животот на многу животни.

Целта е да се научат најмалите за љубовта кон животните, емпатијата и помагањето на послабиот, а сепак најискрен човеков пријател.