Најмалиот беше „далечински управувач“: Се сеќавате ли на овие телевизори „лампаши"?

Живееме во време каде има неверојатен брз развој на техниката и мултимедијалните уреди, кои речиси се продаваат по ниски цени,  постарите луѓе сигурно ќе се сетат на времето кога требаше да се работи пола година за да се купи телевизор во боја.

Поранешна Југославија имаше развиена електронска индустрија, која беше заштита од државата и од високите царински давачки за увезените производи.

Така, во средината на 1970-тите, телевизорите Горење, Еи Ниш, Искра, Риз и Чајавец влегоа во домовите на побогатите Југословени.

Тие беа познати  како " телевизор лампаш" кои се палеа како дизел мотор на минус.

-Се сеќавам дома ние имавме ваков телевизор, бидејќи  јас бев најмалиот во семејството дома бев „далечински управувач“, вели еден стар скопјанец.

Секако, оние кои ги имале овие ЈУ телевизори се сеќаваат дека далечински управувач немаа, па за да се семни каналот мораше да се стане и да се притиснат копчињата.