Најлошо е кога го трошиш животот на погрешни луѓе

Еден човек кој навистина поминал низ сѐ и сешто во животот бил запрашан за тоа што му било најлошо во животот?

Сиромаштија, болест, неправда, беда, самотија?

Тој мирно рекол: Ништо од тоа.

Тие му рекле: Ама мора да е нешто, кажете ни!

Тој рекол: „Најлошо е кога ќе го потрошиш животот на погрешните луѓе. Напред немаш со кого да одиш, а назад нема кому да се вратиш... “

Често се предаваме и поверуваме на луѓе кои не вредат. Понекогаш грешиме во проценката, понекогаш тие добро се камуфлираат.

Воглавно често се појавуваат луѓе со кои само залудно си го губиме времето и доаѓаме до слепа улица.

Остануваш таму каде што си, а личноста во која си верувал си оди од тебе, како и никогаш да не била дел од твојот живот.

Но, тогаш нам ни е доцна за нови почетоци и се навраќаме назад, барајќи ги грешките кои се направени и така само ги отвораме раните и се повредуваме себеси. Затоа пазете со кого сте и кому се давате себеси и кому ги подарувате своите денови.