Најлошата врска е со личност која се обидува да нè контролира

Најлошите љубовни односи се оние кои се случуваат со личност која се обидува да воспостави контрола врз нашиот живот.

 

Тоа се случува така што полека губиме вид врз она што ни се случува и мислиме дека сето тоа е во ред. Забораваме кои сме, се обидуваме да одговориме на нивните постојани барања и да ја одржиме врската. Но, тоа не е во ред.

Ниту една врска не може да биде цврста и солидна ако една личност мисли дека треба да ја има целосната контрола врз другата личност. Сето ова може да создаде лоши спомени и трауми кои долго остануваат со нас и по што тешко се опоравуваме.

Во ваквите врски, едната личност постојано се труди да и угоди на другата, се труди да биде сè во ред. Тоа е така бидејќи другата личност е манипулатор кое сето време го троши на обидот да воспостави контрола, а не да ја подобри врската. Тие се преправаат дека она што го прават е љубов, грижа и романса, но всушност не е така. Вистинската љубов нема врска со контролата. Таа е изградена на љубов, доверба и разбирање.

Ова е најлошата врска бидејќи се случува со личност која постојано се однесува како да правите нешто погрешно. Како да им одговарате и им должите објаснување за сè што правите. Тие се поставуваат така што мислат дека тие ја одредуваат вашата вредност, не вие самите. Тие сакаат да се целиот ваш свет, да не постои ништо друго и дека така треба да биде.

Но, никој од нас не го заслужува тоа. Сите заслужуваме врска во која имаме слобода, во која нашите мислења се почитувани и во која не мора постојано да мислиме дека сме згрешиле и да се објаснуваме и докажуваме.

Нашиот партнер е наш тимски играч, некој со кој ќе носиме заеднички одлуки, а не личност која ќе носи одлуки во наше име. Вистинската личност нема да се труди да нè контролира, таа во нашиот живот не носи немир, туку убаво чувство, доверба и подобрување за нас.