Најлесниот рецепт за вкусни солени палачинки

Иако палачинки најчесто нè асоцира на десерт со чоколаден крем, банана, кокос или џем, може да се каже дека и кога се солени се подеднакво вкусни и инспиративни. 

Ова е рецепт за солена варијанта кој сигурно ќе ви се допадне:

Едно јајце
Две чаши млеко
Една чаша вода
Една лажичка сол
Две лажички шеќер
Три лажички маслиново масло
Зачински билки
300 гр брашно
Масло за пржење

Фил:

Едно јајце
Благ буковец

Подготовка:

Најпрво измешајте ги течните состојки. Изматете ги јајцата па во нив додадете млеко, вода, масло, па почнете со сувите состојки. Додавајте по малку брашно и мешајте со жица за матење. Пржете ги во нелеплива тава. 

Пред да ја превртите, ставете од мешавината од јајце и буковец, па потоа испржете и од таа страна. Најубави се кога се топли.