Најлесна диета на светот

Кога се обидувате да ја намалите телесната тежина одберете ја оваа лесна , диета како нова мотивација.

Одберете храна поделена во порции

Многумина ја потценуваат важноста на порциите. Тие неслучајно се создадени, т.е. се работи за оптималната количина за еден човек. Елиминирајте го искушението од равенката и купувајте храна која или е една порција или пак лесно може да се подели на порции.

Сменете ги навиките на грицкање

Во едно ново нутриционистичко истражување било заклучено дека не секогаш големината на порцијата или храната со висока калорична вредност се нештата што предизвикуваат внесување премногу калории, туку бројот на оброци во текот на денот. Во споредба со 70-те години од минатиот век, возрасните луѓе денес внесуваат дури 29 проценти повеќе калории преку грицки додека гледаат телевизија, седат пред компјутер итн.

Иако постои мислење дека повеќе помали оброци се подобри од еден голем оброк, ако нивната вкупна вредност ја надминува калориската вредност на големиот оброк, тогаш не можете да очекувате дека ќе ја намалите телесната тежина.

Зголемете го внесот на растителни влакна

Растителните влакна, кои Ви помагаат да се чувствувате заситени со помалку внесени калории, можат да помогнат и во забрзувањето на процесот на намалување на телесната тежина. Во една двегодишна студија, зголемувањето на растителните влакна за 8 грама на секои илјада внесени калории резултирало со намалување на приближно 2 килограми масни наслаги.

Дневно внесувајте по 25 грама растителни влакна од различни извори (зеленчук, овошје, мешункасти растенија итн.), но и интегрални житарки.

Суштината на оваа диета е „од се по малку“. Не откажувајте се од ништо, но се јадете три пати помалку отколку што чувствувате потреба.