Најкратките и најефективните совети за среќата

Помири се со своето минато – за да не ти ја вознемирува сегашноста.

Мислењето на другите луѓе си е нивна работа, не твоја.

Времето лечи речиси сѐ – дај му шанса на времето.

Не го споредувај својот живот со животите на другите и не ги осудувај – немаш никаква претстава за тоа каков е нивниот пат.

Престани премногу да размислуваш – сосема е нормално да не ги знаеш сите одговори, а ќе ги дознаеш кога најмалку ќе се надеваш.

Никој не е задолжен за твојата среќа – освен ти.

Насмеј се – сите проблеми на светот не се твои.