Најкорисни совети за пред сончање

На почетокот на летната сезона, секој од нас треба да ја подготви кожата за сончање. Прво нешто што мораме да направиме е детален пилинг на кожата.

Тој може да се набави од продавниците за козметика или супермаркетите, но и да се подготви дома со корисните состојки кои веќе ги имате во кујната (маслиново масло/сол/шеќер/кокосово масло, цимет/кафе).

Дополнително на тоа, треба да се купат добри креми за сончање, со што треба да се почне со фактор 50, а ова се однесува особено на оние кои имаат посветла кожа, која е почувствителна на сончевите зраци. Таквите креми треба да се користат на лицето, но и она оние делови од кожата кои лесно поцрвенуваат и гората. Ваквите навики треба да се применуваат не само во текот на летниот одмор, односно одењето на плажа, туку постојано при секое изложување на сонце.

Особено е важно да се знае дека сонцето е најштетно во периодот меѓу 12:00 и 15:00 часот. Во тоа време, избегнувајте изложување на сонце и излегување на сонце без особена потреба.

Никако не се потпирајте на добрите реклами за солариум, бидејќи тоа е една од најштетните работи кои можете да и ги понудите на кожата. Не дозволувајте да ризикувате желбата за добар изглед да придонесе за стареење на кожата, но и ризик од рак.