„Најк патики во Солун 81 евро, истите патики во Скопје 12.999 денари - замислете колку не колат кај нас“ - Твитерџија реагираше на маржите

Твитерџија реагираше за разликата во цената на одреден модел на Најк патики, кои можат да се најдат тука во Скопје, како и во Солун.

Во „твитот“ тој пишува дека цената на моделот на Најк во Солун чини 81 евро, додека во Скопје чинеле 12999 (околу 212 евра).

„Најк патики Солун 81 евро,истите патики Скопје 12999.Сега замислете колку не колат кај нас.Можеш до Солун да појдеш пат патарина гориво да каснеш две гира кафе на пристаниште и пак кусур имаш да вратиш!“, гласеше твитот.

Иако овој „твит“ малку на ироничен начин ја доловува оваа ситуација, сепак навистина наведува да се подзамислиме колку некои работи ги плаќаме или преплаќаме во Македонија, земено во предвид и економскиот стандард во државата и во странство.