Најистакнатите крводарители од Ѓорче добија признанија - меѓу нив и еден јубилеец со 50 дарувања крв

Денес го славиме најблагородниот чин - дарувањето. По повод Денот на формирањето на Црвениот крст и Денот на крводарителството, им оддадовме признание на нашите тивок херои од Ѓорче Петров, сподели градоначалникот, Александар Стојкоски.

„Хуманоста не се зборува - таа се живее. Горди сме на нашите сограѓани кои со огромно срце спасуваат животи, давајќи го најскапоценото - дел од себе“, истакна тој во објавата на Фејсбук.

Добитници на признанијата се:

  • Анита Велкова
  • Горан Јанев
  • Стефан Георгиевски
  • Моника Палоска
  • Марко Дабески

„Посебен аплауз и длабока почит за Владимир Блажески за неговиот голем јубилеј - 50 дарувања крв! Подвиг кој е вистински пример за сите нас“, нагласи Стојкоски.

Признанија за посветеност и поддршка на хуманитарните активности беа доделени и на Драган Трпески (вработен во Општината), како и на градоначалникот Александар Стојкоски, кој во објавата посочи дека оваа чест ја прифаќа со голема одговорност и ветување дека ќе продолжат уште посилно во оваа заедничка мисија, воедно упатувајќи благодарност до сите хуманитарци и крводарители.