Најголемото Пинк Флојд шоу првпат во Скопје

По настапите пред повеќе од милион фанови низ целиот свет, на 14 ноември во 20:30h, во ВИП Арена- Борис Трајковски ќе имаме можност да уживаме во нешто што е многу повеќе од најдоброто трибјут Pink Floyd шоу на светот. „Брит Флојд“ се посветени на тоа да го оживеат Pink Floyd во секоја нота и секој потег, поради што заслужено се сметаат за нешто најблиску до Pink Floyd.

Во Скопје носат исклучително прецизен музички перформанс придружен од неверојатно оргинално видео и анимација на препознатлива бина со пинк-флојдовскиот лак и светлосен круг. Ќе изведат песни од албумот “Wish You Were Here”, како и легендарниот “The Dark Side of the Moon”, кој оваа година слави 45 години.

„Брит Флојд“ доаѓаат во Скопје со своја продукција: звук, светло и видео. Организатор е „Авалон продукција“.