Најголемите болки и таги не може да се доловат со ниту еден збор, со ниту една реченица...

Најголемите болки и таги не може да се доловат со ниту еден збор, со ниту една реченица, макар и да се напишат сите зборови и сите реченици на сите јазици на светот.

Кога 45 човечки души засекогаш ќе си заминат во неопислива трагедија, тишината е оглувувачка, солзите недоволни, зборовите празни. Сакаш да кажеш толку многу, а сфаќаш дека што и да кажеш не може да ја долови тагата, секоја реченица делува безлична. Најголемо сочувство до семејствата и саканите на оние кои трагично загинаа. Пустош и празнина. Црнила.

Светот денес е црн. И којзнае дали некогаш ќе ги врати своите бои. Да ги прегрнуваме оние што останаа, има само толку малку прегратки и минути кои ни остануваат, никогаш не знаеме кога ќе биде последната.