Најголемиот јунак на скопските клиники: Бебето кое се роди во петтиот месец си замина во својот дом

Најмалото бебенце родено со само 700 грама родилна тежина ја доби животната битка. По четиримесечен престој на интензивна нега, со тежина од 2 килограми и 450 грама, замина во својот дом со родителите, објави 24 Вести.

Бетим е најмладото бебе, но најголемиот јунак во Клиниката – вака го опишуваат вработените на гинекологија. Велат дека ваквата убава вест треба да е мотивација за сите родители на предвремеродените дечиња да не се обесхрабруваат. На терминот кога требало да се роди, Бетим ја напушта Клиниката.

„И понатаму ова дете бара доста следење и соработка со клиниката каде ќе се следи неговата состојба. На респиратор беше два иопол месеци, па на неинвалзивна вентилација и потоа почнаа да дише само.“ - изјави д-р Лилјана Којиќ од Клиниката за гинекологија и акушерство.

„Нашата грижа е една алка од целиот синџир неговата борбеност беше најважна и позитивната енергија на родителите.“ - вели Тања Трајковска, медицинска сестра на интензивна нега на ГАК.

Четиримесечното бебе родено во 23-тата гестациска недела, односно во петтиот месец од бременоста на мајката, ќе биде запишано како најмладото новороденче во историјата на предвременородените бебиња.

Бетим и неговите родители ја напуштија Клиниката за гинекологија, а од тимот кој се грижеше за него во изминатите 120 дена, велат дека малиот пациент ќе им биде мотивација и за останатите бебиња.