Најголемата женска „тајна“ во сексот: Мажите мислат дека жените уживаат, но...

Жените често не сакаат да зборуваат за болката за време на сексот, но во некои ситуации ниту гинеколозите не знаат која е причината за болката за време на сексуалниот однос.

Резултатите од неодамнешното истражување покажале дека со овој проблем се соочува една од десет сексуално активни жени на возраст од 16 до 74 години.

Првата група жени кои се погодени од овој проблем е онаа помеѓу 50 и 60 години – вагината станува посува, а другата е помеѓу 16 и 24 години. Причината за болка кај помладите жени е недоволното искуство и тоа што девојките во тој период се` уште целосно не се опуштени со партнерот, претпоставуваат експертите. Една од причините може да биде и инфекција.

Сепак, дамите и во други возрасни групи не се исклучени од болката за време на сексот, а најчестата причина е стеснување на вагината. Верувале или не, дури ни гинеколозите не знаат зошто се случува тоа.

Она што е најтешко во целата приказна е тоа што жените молчат за тоа и продолжуваат да имаат секс и покрај болката. Советот на експертите е да се обратите кај лекар и да се обидете да ја пронајдете причината зошто се појавува болката.