Најголемата регионална балканска ѕвезда Џибони, со видео поздрав за македонските фанови

„Сè што ни треба е љубов“ е мотото на концертот на хрватскиот музичар Џибони, кој заедно со Влатко Стефановски ќе имаат концерт на 23 декември во Скопје. На денешниот прес беше Влатко, а Џибони ја поздрави публиката преку видео.

„Сè што ни треба е љубов и не е исклучена можноста да ја отсвириме со Џибони. Имав преку 70 концерти годинава. Сега се вратив од Австралија и сакам во Скопје најдобро што може да ја заокружам сезонава. Се радувам што ќе го видам Џибони, оти одамна се намаме видено. Возбуда е да се свири со него. Добро би било Скопје да се расположи и да заборавиме на секојдневните проблеми“, рече Влатко Стефановски.

Влезниците се веќе во продажба по следниве цени и категории:

ПАРТЕР- 700 денари
ФАН ПИТ- 1000 денари
SILVER SEATS- 1000 денари
GOLDEN SEATS- 1200 денари
ВИП- 2000 денари