Карл Јунг, таткото на аналитичката психологија, не гледал на љубовта како нешто романтично, површно или случајно.
Photo by Min An
За него, љубовта е процес, понекогаш тежок, понекогаш болен, но секогаш трансформирачки. Најголемата лекција што можеме да ја извлечеме од неговото учење е дека вистинската љубов започнува со соочување со себеси.
Јунг велел: „Запознај ги сите свои сенки. Не можеш вистински да љубиш додека не се соочиш со деловите од себе што најмногу ги криеш.“ Со други зборови, љубовта не е бегство кон другата личност, таа е враќање кон себе, кон сопствените рани, несигурности и желби. Само кога ќе ги прегрнеме тие делови од себе, ќе можеме навистина да го прегрнеме и другиот.
Во свет полн со филмови и приказни кои ја идеализираат љубовта како нешто што треба да "ни се случи", Јунг нè потсетува дека љубовта е избор, одлука, посветеност. Таа не се одвива само кога се чувствуваме убаво. Таа расте токму таму каде што е најнеудобно, каде што има недоразбирање, тишина, или страв.
Јунг исто така верувал дека партнерот што го избираме често е огледало на деловите од нас самите што најмногу треба да ги исцелиме. Затоа љубовта може да биде непријатна, но и ослободувачка. Таа нè тера да растеме. Ни го покажува нашиот потенцијал, но и нашите граници.
Љубовта според Јунг не е само врска со некого, таа е внатрешно патување, алхемиски процес во кој нашата душа се претвора од несвесна и хаотична, во нешто што има форма, смисла и светлина. И токму затоа, најголемиот чин на љубов е кога не бараме совршенство, туку вистина, како во себе, и во другиот.