Најголемата лекција за 2019: Простувањето е најдобриот подарок кој можеме да си го дадеме себеси

Верувам дека сè се случува со причина. Минуваме низ темните моменти во животот само за да го откриеме светлото на крајот. Минуваме низ загуба и скршени срца, за да ги цениме оние кои вистински значат во нашиот живот. 

Оваа година беше исполнета со убави моменти, спомени кои нема да ги заборавам, но и онакви кои сакам да не се дел од мојот живот. Научив многу за животот, но и за луѓето во него.

Простувањето е најдобриот подарок кој можеме да си го дадеме себеси

Чувањето на бесот, тагата и каењето не ни носи ништо добро. Учејќи да си простиме себеси и да им простиме на оние кои ни згрешиле значи да си овозможиме себеси да созрееме како личност и да продолжиме понатаму. Сите правиме грешки, сите кажуваме работи кои не ги мислиме, сите посакуваме да сме направеле нешто поинаку. Дури и кога не изгледа дека го заслужуваат тоа, простувањето е најдобро за нашиот мир.

Потребна е црвена линија за луѓето кои носат негативна енергија во нашиот живот

Некои луѓе се несреќни со своите животи и се трудат тоа да го пренесат на другите. Но, тоа е нивната приказна која вие не морате да ја прифаќате. Направете простор во својот живот и ослободете се од оние кои не ви носат убава енергија. Непотребни ви се таквите луѓе. Сосема е во ред да се ослободите од ваквите луѓе, бидејќи вашата благосостојба е на прво место.

Колку и да се трудите, не можете да ги усреќите сите околу вас

Луѓето се такви какви што се. Имаат свои мисли и ставови, начини на однесување кои зависат од многу различни фактори. Дефинитивно треба да пробате да им донесете насмевка и среќни моменти на оние кои ви значат, но треба да знаете дека не можете да ги усреќите сите луѓе околу вас. 

Исто така, личноста која внатрешно е несреќна, никогаш не можете да ја направите сосема среќна. Тоа зависи од самата личност, не од вас.

Како што стареете, постојано ќе губите пријатели

Тоа е дел од животот и зрелоста. Колку повеќе созреваме, толку подобро сфаќаме кои луѓе се нашата поддршка, кому можеме да веруваме и на кому можеме вистински да се потпреме. Тие години ги покажуваат вистинските пријатели. Некои ќе ги снема поради објективни причини (брак, далечина, семејство и факултет), со други пак ќе се одалечите бидејќи различно созревате. 

Постојано ќе губите пријатели и тоа треба да го прифатите.

Не морате никому да се докажувате

Живејте го животот, фокусирајќи се на сопствената среќа и на оние кои ги сакате. Тие кои ве сакаат ќе ве прифатат онакви какви што се, другите пак ќе ви најдат маана за сите работи кои ги правите. Не избегнувајте нешто само поради гордост или страв од мислењето на другите, бидејќи подоцна во животот можете да зажалите. 

Не ја трошете својата енергија на луѓе кои не го заслужуваат тоа.

Колку и да се грижиме, работите често се средуваат сами од себе

Погледнете назад и само видете за колку работи сте се грижеле, а тие не испаднале толку страшно колку што вие сте мислеле дека ќе бидат. Работите многу многу често се средуваат сами од себе. Важно е дека можете да изиграте милион сценарија во својата глава и на крајот да не испадне така лошо како што вие ќе си замислите. 

Giftofvision - Sneakers search engine | jogging sets for young men by nike 270 Black/Green Strike DJ5136-001 , Fitforhealth