Најголемата грешка во нашиот живот е мислењето дека сите други се посреќни од нас

Кога бев дете, моето срце постојано скокаше кога некој ќе ме прашаше што сакам да бидам. Постојано имав милион различни идеи.

Животот ми донесе и порази и успеси. Успеав да завршам факултет и да станам успешен адвокат. Заработувам добро, имам пријатели, здравјето ми е добро, но некако како среќата да недостасува. Постојано се прашувам што понатаму, каде да одам оттука.

Што ќе правам понатаму со својот живот?

Иако го имам сето тоа, постојано мислам дека луѓето кои ги знам имаат повеќе од мене, подобра работа, подобри автомобили и станови, подобри врски. Изгледа како сите тие да се задоволни со своите животи, но јас не сум.

Но, тука ја правам најголемата грешка.

Сите луѓе се соочуваат со истите проблеми. Сите тие се трудат да ја најдат својата цел во животот. Имаат битки за кои се борат, а за кои можеби светот не знае ништо. Не значи дека тие се посреќни. И тие постојано се прашуваат што понатаму со својот живот.

Почитуваниот доктор можеби сака да биде и писател.

Успешниот судија можеби има неуспешен брак.

Среќната сопруга на Инстаграм можеби не може да има деца.

Ничиј живот не е совршен, секој ја води својата борба за среќа.

Не се споредувајте со другите, немате потреба за тоа. Најдете ги оние делови од вашиот живот кои ве прават несреќни и потрудете се да направите промена, онаму каде што можете.

Некогаш луѓето ќе ви дадат добронамерен совет. Послушајте го кога мислите дека ќе ви помогне, игнорирајте го кога мислите дека нема смисла. На вас останува да изградите живот каков што сакате, но никогаш не дозволувајте да правите нешто со претпоставки за другите да одредат што мислите за себе.