
Исламската верска заедница во Македонија за време на празникот Рамазан ќе ја отвори најголемата џамија во земјава.
Лоцирана е во Топанско поле во Скопје, а е изградена со финансиска поддршка од Турција. Ќе биде отворена за мулиманските верници во текот на месецот Рамазан.
Поглаварот на Исламската верска заедница, Шаќир еф. Фетаи, заедно со амбасадорот на Турција во Македонија, Фатих Улусој, и други високи претставници на ИВЗ, ја извршија последната проверка на објектот. Одлуката е џамијата да биде подготвена за извршување на сите намази и теравих-намазот во текот на благословениот месец, со соодветни организациски и функционални стандарди.
Фетаи ја истакна важноста на поддршката од Турција и меѓуинституционалната соработка во реализацијата на проектите за верниците.
Рамазан почнува на 18 февруари 2026 година, но точниот датум на отворањето сè уште не е прецизиран.