Најголем конкурс за вработување во историјата на „Виз ер“

„Виз ер“, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во регионот на Централна и Источна Европа денеска ја најави најголемата кампања за вработување во својата историја.

По 13 години консолидирање на водечката позиција на пазарот, „Виз ер“ ќе отвори речиси 1.300 нови работни места во наредната година, благодарение на доаѓањето на 21 нов авион од типот „ербас А320“ и „А321“ до крајот на 2018 година, како и на вклучувањето во сообраќај на 11 сосема нови авиони.

Со тоа тимот на „Виз ер“ ќе брои повеќе од 4.500 вработени.

Вкупно 400 избори за пилоти и кабински екипаж ќе бидат организирани во 25 земји во Европа до крајот на 2018 година.

Експанзијата на авиокомпанијата и можноста за вработување нема да заврши со ова, бидејќи „Виз ер“ планира двојно да ја зголеми својата флота на повеќе од 160 авиони до крајот на 2024 година.