Најфреквентните локации небезбедни: Скопјани каснати од кучиња на Плоштад и кај Бисер

Во текот на вчерашниот ден, двајца скопјани пријавиле дека биле каснати од кучиња скитници на две од најфреквентните локации во главниот град. Синоќа во Полициската станица Аеродром, А.П. (33) од Скопје пријавил дека пред Трговскиот центар „Бисер“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Вчера околу 13 часот во Полициската станица Центар, В.М.(35) од Скопје пријавил дека на Плоштад „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.