Наједноставно објаснување што е среќата

Еден ученик рече дека среќата е она што се случува кога одиме на спиење во кревет во претопла ноќ на лето, ноќ толку топла што не можеш да облечеш ниту маица ниту пак можеш да спиеш покриен ниту отскриен од топлината.  Кога твојот прозорец е отворен, но воздухот е задушлив и нема ниту еден момент кога осеќаш студен воздух околу тебе. 

А, потоа во еден момент, ноќта станува постудена и се будиме накратко. Забележуваме дека веќе малку заладува и бараш нешто за да се покриеш. Полусвесно, со затворени очи префрламе нешто околу себе за да ти биде малку топло и се фрламе повторно во сон.

Среќата е во тој мал момент – тој гест и рефлекс да го покриеме нашето тело, без оглед на тоа дали е тоа нешто или некој. Чувството дека кога ќе го направиме тоа ќе се чувствуваме сигурно во светот, подготвени за сон, долг сон до изутрина.

Тоа е среќа.