Наједноставниот рецепт за пита со сирење и спанаќ

Од само една доза од питата, ќе имате доволно за неколку оброци, а толку лесно се подготвува што можете да ја направите секогаш кога ќе посакате. 

Состојки: 

Четири јајца
Еден филџан масло
14 лажици брашно
Една шолја млеко
Еден прашок за пециво
300 гр сирење
Една шолја исецкан спанаќ

Подготовка:

Најпрво изматете ги јајцата со маслото, а потоа додадете го млекото и добро измешајте. 

Пецивото ставете го во брашното и ставајте во смесата од јајца. Мешајте со лажица или шпатула. Во тестото ставете ги спанаќот и сирењето (рендано или иситнето). 

Печете во загреана рерна на 200 степени, најмалку 30 минути.