Наједноставен начин да го намалите ризикот од рак

Внесете неколку ситни промени во вашето секојдневие и тргнете се од патот кој може да ве доведе до заболување од рак.

Само половина час трчање на лента го намалува ризикот од рак на белите дробови.

Според новиот извештај од Американското друштво за клиничка онкологија, за помалку од две децении, ракот ќе ја надмине срцевата болест, која е најголемиот убиец во Соединетите Американски Држави. Затоа, истражувачите имаат традиција да следат се што е поврзано со болеста. Покрај познатите ризици, како што e чадот од тутунот, постојат некои мали чекори кои може да се преземат за да се избегне оваа тешка болест.

Поминувајте повеќе време во креветот. Ако спиете помалку од седум часа во текот на ноќта, тогаш не само што ја зголемувате шансата за депресија, туку и ризикот од развој на рак на дебелото црево и простатата. Слатки соништа!

Користете зачини. Кечапот е преполн со ликопен кој е важен во борбата со рак. Земете органски кечап во дупла доза. И ако е невкусен доколку често се користи, ренот е многу добар сојузник во борбата со рак. Најдобар е во комбинација со говедско месо и го намалува ризикот од тумор.

Веднаш во теретана. Трчањето на трака во теретана не само што ве прави тенок, туку и половина час вежбање дневно може да го намали ризикот од рак на белите дробови за една третина. Покрај ризикот од рак на белите дробови ќе се намали севкупниот ризик од рак на половина. Значи, не чекајте веднаш во теретана!

Поминувајте уште повеќе време во кревет. Ако имате 21 или повеќе ејакулации месечно не само што ќе бидете насмеани, туку и ќе го намалите ризикот од рак на простата значително во споредба со мажите кои имаат само 4-7 оргазми месечно. Ова е само еден од многуте начини на кои можете да го зајакнете вашето здравје во креветот.

Медитеранска исхрана. Предностите на медитеранската исхрана се многубројни, на пример, намалување на ризикот од дијабетес и подобрување на срцевото здравје. Ако се храните како Италијанец, користете маслиново масло, оригано и лук, може значително да го намалите ризикот од рак.