Најдоброто нешто што ќе ви се случи во октомври, според вашиот хороскопски знак

Што ви носи октомври? Што е најдоброто нешто што го очекува вашиот знак во овој есенски месец?

Овен

Најдобар ден: 8 октомври

Ново ниво на емоционална поврзаност е на видикот за вас. Вашиот планетарен владетел го придружува сонцето во вашата седма куќа на партнерства, носејќи ви важност за вашите блиски односи во животот. Тоа значи дека можете да добиете многу енергија преку поврзување со другите. Со други зборови, ова е и месец кој ви носи убав љубовен состанок, ако сте сами.

Бик

Најдобар ден: 28 октомври

Ова е месец во кој ви е важна структурата. На 28 октомври, вашата владетелка Венера носи хармонија со Јупитер, кој престојува во вашата десетта куќа на кариера. Ако постои проект на кој работите со некој друг, ова е одлична можност да успеете во тоа. Дополнително, октомври е месец кој ви носи собирање на плодовите од вашата напорна работа. 

Близнаци

Најдобар ден: 9 октомври

Многу планети прават конспирација да ви донесат интелектуален напредок во текот на овој месец. Сонцето, Меркур и Марс се движат во вашата петта куќа на задоволство и креативна енергија почнувајќи од 9 октомври. Можно е да чувствувате силна енергија да отпочнете нови проекти, а доколку сакате да се посветите на нив, ова е најдоброто време за тоа.

Рак

Најдобар ден: 6 октомври

Подгответе се за силна енергија од Месечината на овој ден. Младата Месечина во Вага која доаѓа во вашата четврта куќа на домот и семејството носи силен ефект на вашите емоции. Како резултат на тоа ќе бидете инспирирани да се грижите за себеси и да минувате време дома. Дополнително, ќе бидете насочени кон наоѓање вистина во односите со другите и посебно ќе бидете фокусирани на семејството.

Лав

Најдобар ден: 15 октомври

На овој ден доаѓа силна енергија од планетата на среќата, Јупитер. Тој прави и тригон со Сонцето додека престојува во седмата куќа на партнерства. Овој транзит носи и желба да го проширите својот свет, но и да научите нови вештини и да стекнете нови знаења. 

Девица

Најдобар ден: 9 октомври

Меркур и Марс носат силни промени на полето на финансиите за Девиците, со оглед на тоа дека се движат во вашата втора куќа на финансии. Можно е да стекнете нови идеи поврзани со вашиот финансиски статус, но пред тоа осигурајте се дека точно знаете што сакате.

Вага

Најдобар ден: 6 октомври

Овој ден носи новини во вашиот живот. Младата Месечина која настапува во вашиот знак на овој ден доаѓа во вашата прва куќа на идентитет и ви носи промени во вашиот стил. Можно е да ја избоите косата во нова бој, да купите нова облека или пак да го смените начинот на кој им пристапува на социјалните медиуми. 

Шкорпија

Најдобар ден: 30 октомври

Внатрешната сила и моќ се ваши да ги зграбите на овој ден, драги Шкорпии. Вашиот планетарен владетел, Марс почнува да се движи во вашиот знак каде ќе престојува до 13 декември и ви носи можност да направите планови за следните месеци и стратешки да пристапите кон нивно исполннување.

Стрелец

Најдобар ден: 18 октомври

Јупитер е директен и ви носи експанзија во вашиот живот. Тој престојува во вашата трета куќа на образование, соседство и роднини и ви носи сила во овие аспекти. Тоа може да ви донесе нов начин за поврзување со некој член на семејството, да ви донесе начин да откриете нешто ново или пак да се изненадите од нешто неочекувано.

Јарец

Најдобар ден: 10 октомври

Јарците ќе имаат најголем бенефит од нивниот Сатурн, кој се движи директно овој месец. Тој е во вашата втора куќа на ресурси и ви носи охрабрување на ова поле. Дополнително, можно е да се фокусирате на својот личен буџет и да донесете одлуки поврзани со тоа како заработувате и трошите. 

Водолија

Најдобар ден: 10 октомври

И за Водолиите, почетокот на директното движење на Сатурн ќе има огромно влијание. Со оглед на тоа дека тој престојува во вашиот знак, ова е одличен момент да се навратите на знаењето кое го стекнавте во текот на изминатите месеци. Работевте напорно за да разберете што ви е потребно, а овој период носи јаснотија.

Риби

Најдобар ден: 18 октомври

На овој ден ќе почувствувате силно духовно будење. Јупитер е ваш владетел на вербата кој се придвижува директно на овој ден. Со оглед на тоа дека престојува во вашата дванаесетта куќа на внатрешна мудрост, ова е одличен момент да се поврзете со другите и да стекнете ново знаење.