Најдобрите витамини за жените над 40 години

За време на пандемијата, секој од нас почна почесто да ги зема неопходните витамини, но важно е да знаеме кои витамини се соодветни за нас.

Во идеален свет, витамините и минералите би требале да ги добиеме од храната, но тоа не е секогаш возможно. Кога станува збор за жените над 40 години треба да се знае дека најважна е здравата исхрана која содржи природни влакна и дека тоа е секогаш подобро од земањето додатоци во исхраната.

Едно истражување спроведено во 2017 година од Фондацијата на бил и Мелинда Гејтс покажало дека лошата исхрана убива повеќе луѓе од пушењето. Но, како да ги избереме најдобрите витамини?

Железо

Железото е многу важно за жените на оваа возраст, па ако земате мултивитамини проверете го количеството на железо кое е содржано во нив. Сепак, освен ако не постојат медицински причини или пак сте жена во менопауза, суплементите поврзани со железо треба да се земаат претпазливо и во консултација со лекар. 

Калциум

Калциумот е клучен за коските а за многу жени на оваа возраст се препорачува земање калциум за намалување на ризикот од остеопороза и оштетување на коските.

Витамин Д

Ова е најпопуларниот витамин за време на пандемијата, но треба да бидеме многу претпазливи. Тој игра важна улога во апсорпцијата на калциум и дополнителна заштита на коските, а е прилично тешко да се добие само од исхраната. 

Комбинација на омега 3 и Б витамини

Нивоата не естроген се намалуваат за време на менопаузата, па така се зголемува и ризикот од срцеви заболувања. Комбинацијата на омега 3 и витамин Б е важна за намалување на ризикот од ваквите заболување, но и подобрување на когнитивните функции на мозокот.