Освен диетата, вежбањето е една од најчестите стратегии што ја користат оние кои се обидуваат да ослободат вишок килограми. Вежбањето ги согорува калориите, а тоа игра клучна улога во слабеењето.Покрај тоа што ви помага да изгубите тежина, вежбањето е поврзано со многу други придобивки, вклучително и подобрување на расположението, посилни коски и намален ризик од многу хронични болести.
Во продолжение, прочитајте кои се најдобрите вежби за слабеење.
Пешачење
Удобен и лесен начин дури и за почетниците кои не се бавеле со вежбање претходно, а е и вежба која не ги оптоварува вашите зглобови. Една 12-неделна студија во која учествувале 20 жени со дебелина, покажала дека одењето 50-70 минути, 3 пати неделно ги намалува телесните масти и обемот на половината во просек за 2,8 цм.
Џогирање или трчање
Џогирањето и трчањето се одлични вежби кои ќе ви помогнат да изгубите тежина. Иако изгледаат слични, клучната разлика е во тоа што темпото на џогирање е генерално помеѓу 6,4-9,7 km/h, додека темпото на трчање е побрзо од 9,7 km/h.
Студиите покажуваат дека џогирањето и трчањето можат да помогнат во согорувањето на штетните висцерални маснотии, попознати како сало на стомакот. Овој тип на маснотии се обвиткува околу вашите внатрешни органи и е поврзан со разни хронични болести како што се срцеви заболувања и дијабетес. За да започнете, настојувајте да џогирате 20-30 минути 3-4 пати неделно.
Возење велосипед
Возењето велосипед е популарна вежба која ја подобрува вашата кондиција и може да ви помогне да изгубите тежина. Иако возењето велосипед традиционално се прави на отворено, многу спортски сали и фитнес центри имаат стационарни велосипеди кои ви дозволуваат да возите велосипед додека престојувате во затворени простории.
Не само што возењето велосипед е одлично за слабеење, туку студиите покажуваат оти луѓето кои редовно возат велосипед имаат подобра севкупна кондиција, зголемена чувствителност на инсулин и помал ризик од срцеви заболувања, рак и смрт, во споредба со оние кои не возат редовно.
Тренинг со тегови
Тренингот со тегови, освен со слабеењето, може да ви помогне да изградите сила и да го поттикнете растот на мускулите.
Пливање
Се чини дека начинот на кој пливате влијае на тоа колку калории согорувате. За 30 минути, лице од 70 кг согорува 298 калории кога плива грбно, 372 калории градно, 409 калории стил пеперутка и 372 калории со вежбање во вода. Една 12-неделна студија спроведена на 24 средовечни жени покажала дека пливањето 60 минути, 3 пати неделно, значително ги намалува телесните масти, ја подобрува флексибилноста и ги намалува неколку фактори на ризик за срцеви заболувања, вклучувајќи висок вкупен холестерол и триглицериди во крвта.
Јога
Јогата е популарен начин за вежбање и ублажување на стресот. Иако вообичаено не се смета за вежба за слабеење, таа согорува прилично количество калории и нуди многу дополнителни здравствени придобивки кои можат да го промовираат губењето тежина.
Пилатес
Пилатесот е одлична вежба за почетници која може да ви помогне да изгубите килограми. Иако пилатесот можеби нема да согорува толку многу калории како аеробните вежби како трчањето, на многу луѓе им е пријатно додека го применуваат, особено затоа што докажано ја намалува болката во долниот дел на грбот.