Најдобрите совети од мојата баба

Кога мојата баба почина на својата 82-годишна возраст, се чувствував како најтажната личност на светот. Таа беше една од најмудрите личности во мојот живот, но и баба која секогаш ми даваше љубов и поддршка додека растев.

Во текот на моето растење, таа ми пренесе многу мудрости, но иако не ги запаметив сите мудри зборови кои таа ми ги кажа, сепак паметам некои совети кои ми помагаат секојдневно.

Ова се најдобрите совети од мојата баба.

Не си личноста која некогаш беше и тоа е во ред.

Во текот на годините ќе се радуваш, ќе тагуваш, ќе бидеш повреден и сите тие работи постојано ќе те менуваат. На тој начин, полека стануваш личноста која треба да бидеш. Не можеш да ги форсираш работите, тие се случуваат сами од себе и се дел од твоите искуства и ситуации. Сето тоа те менува и тоа е во ред. Ти стануваш добра и силна личност.

Сите нешта ти помагаат да се развиваш.

Понекогаш, кога тешките времиња доаѓаат во твојот живот ќе помислиш дека е крај на светот, но не е така. Многу нешта ја менуваат твојата перспектива и тие ќе ти помогнат да се развиеш, а развојот е најсилен кога си повреден. Но, животот е составен и од многу убави моменти. Учиме да уживаме во убавите моменти само кога ќе поминеме низ лошите, само кога ќе видиме што значи да си долу на дното.

Животот е филтер за луѓето

Понекогаш долго ќе останеш во некое пријателство или врска, мислејќи дека не можеш да живееш без одредена личност. Но, животот ќе те научи дека можеш да живееш и функционираш без секого. Немој да се држиш до некои луѓе само поради тоа што имаш развиено концепт дека не можеш без нив. Пушти ги да си одат оние кои не те сакаат доволно, и вложи ја својата енергија и љубов во оние кои заслужуваат да бидат до тебе.

Биди позитивен постојано.

И тогаш кога немаш причина за тоа, погледни се во огледало и натерај се да се насмееш. Научи дека животот носи и позитивни и негативни мисли, мигови и ситуации и дека не е секогаш розов, но начинот на којшто ги гледаш работите и ситуациите има огромно влијание како се справуваш со нив. Насмевни им се на оние кои сакаат да те понижат или навредат и продолжи напред.

Не се образувај за да бидеш богат, образувај се за да бидеш среќен.

Да, убаво е да имаш доволно пари за да си ги овозможиш нештата кои ги посакуваш, но иако тие носат инстант среќа, најголемата среќа лежи во малите нешта и луѓето кои ги имаш до себе. Не плаќај скапа цена за да живееш живот кој е комплициран и кој ќе ти донесе повеќе несреќа отколку среќа.