Најдобрите совети од мојата баба

Бабите можеби не успеваат да држат чекор со модерното време, можеби не ја разбираат модерната технологија, новите стилови и брзината со која нештата се менуваат околу нас. Но, тие имаат една непроценлива особина: тие го имаат богатото животно искуство кое со себе ја носи мудроста која ние ја немаме.

Нашите баби се проникливи, мудри, чувствителни и знаат што е важно во животот бидејќи не растеле со телефоните во своите раце.

Во втората половина од својот живот, мојата баба запишуваше мали мисли, идеи и цитати кои ја инспирирале во својот живот. Пред неколку месеци, таа ги сподели со мене. Денес, јас ги споделувам со сите, бидејќи навистина се мудрости кои можат да не научат на многу работи.

Издишете го минатото, вдишете ја иднината

Без оглед на тоа низ што сте минувале во животот, секогаш постои светло на крајот на тунелот. Никогаш не очекувајте, ниту пак претпоставувајте премногу. Секогаш давајте најдобро и најмногу од себе, но не ја правете грешката да се обидете да ги контролирате сите нешта или пак претерано да размислувате за минатото. Нештата кои треба да се случат ќе се случат, но многу поважно е како ќе реагираме на нив.

Животот може да биде едноставен

Понекогаш самите ги комплицираме нештата во животот и не оставаме тие да се случуваат едно по едно. Вдишете, бидете присутни и секогаш давајте се од себе. Тоа што го вложувате во животот, ќе ви биде вратено назад.

Некој ќе ве прифатат онакви какви што сте, други пак нема ни да ве забележат

Што и да правите, не можете да направите да бидете сакани од сите луѓе подеднакво. Останете верни на себеси, на вашите вредности и верувања и вложувајте се најмногу во односите со луѓето кои вистински ве сакаат. Тие секогаш ќе го разберат вашиот пат, а другите ќе ве сакаат, обожават, мразат, а дел од нив нема ни да ве забележуваат.

Нештата се случуваат и мораме да ги прифатиме како такви

Животот е понекогаш тежок, комплициран, несфатлив. Што и да се случи, важно е да не престанеме да веруваме во себе. Околностите ќе не насочуваат, менуваат, но не треба да ја губиме надежта.

Научете да бидете среќни

Често ќе мислиме дека ни треба само едно нешто во животот да бидеме среќни. Но, можеби најголемата тајна на животот е да научиме да бидеме среќни со тоа што го имаме. Кога ќе остарете ќе сфатите дека најдобрите денови од вашиот живот биле оние кога сте биле насмеани.

Бидете одлучни во својата позитивност

Често ќе донесете одлука да бидете позитивни и среќни, но ќе се случи нешто мало и ќе мислите дека тука застанува светот. Но, не дозволувајте да ве обесхрабрат или повредат другите. Бидете одлучни во тоа и ширете позитивно расположение каде и да се појавите.