Најдобрите лекови за победување на утринскиот мамурлак

Испивте повеќе отколку што си ветивте себеси? Претеравте малку повеќе? Иако би ве  советувале да го намалите пиењето, сепак ви нудиме и неколку решенија како да се справите со утринскиот мамурлак предизвикан од алкохолот.

Круши

Крушите се едно од најдобрите овошја за справување со утринскиот мамурлак. Според повеќе истражувања, со помош на ова овошје можете да го намалите утринскиот мамурлак за 16-21%. Од дополнителна помош може да биде и конзумирањето на сок од круши пред конзумирањето алкохол.

Вода

Алкохолот го дехидрира телото, и затоа најважна е водата во целата приказна. Пиењето вода пред, за време и по пиењето алкохол ќе придонесе за намалување на главоболката која е честа кај мамурлакот.

Лимони

Лимонот е одличен за намалување на ефектите од мамурлакот. Додадете две лажици лимонов сок и една лажица мед во чаша вода и испијте го овој пијалок откако ќе се разбудите. За само половина час ќе ја намалите разликата.

Домати

Доматите се совршен лек против мамурлакот бидејќи содржат витамин Ц, но и глутатион кој е одлична состојка за отфрлање на токсините од вашето тело предизвикани од прекумерното пиење алкохол.

Спанаќ

Ова е уште една храна која ќе помогне во детоксикацијата на вашето тело. Добрите состојки на спанаќот се однесуваат на фолната киселина, витаминот Ц и сулфурот кои ќе го исчистат вашето тело по лудата ноќ.

Продолжува на следната страна...

Кисели краставички

Прекумерното количество алкохол го остава вашето тело без витамини, минерали и сол. Киселите краставички можат да го повратат сето ова во вашиот организам бидејќи се богати со витамин А, железо, калиум, витамин К, калциум и манган.

 

Ѓумбир

Чувствувате гадење и болки во стомакот и желудникот? Ѓумбирот е најдобриот лек за тоа. Тој може да ги намали ефектите од гадењето, како и лошото чувство во стомакот поради неговите анти-воспалителни дејства. Напијте се чај од ѓумбир или пак додадете изрендан ѓумбир во јадењата или водата која ја пиете.

Банани

Колку повеќе алкохол пиете, толку подехидрирани ќе бидете. И, колку подехидрирани сте, толку повеќе калиум ќе изгубите. Недостатокот на калиум пак, предизвикува замор, но и гадење и мачнини. Затоа, бананите се одлични против тоа, бидејќи се богати со калиум.

Чај од нане

Чајот од нане е нашиот фаворит во оваа категорија. Тоа е така бидејќи нането има дигестивни состојки и ќе помогне за намалување на тензијата и подуеноста во стомакот. Тоа исто така ја олеснува и детоксификацијата.