Најдобрите италијански изреки: „Подобро да живееш еден ден како лав, отколку сто дена како овца!“

Италија е прекрасна држава, позната по својата историја, музика, храна и култура. Италијанците се познати и по своите мудри изреки, а денес ви претставуваме дел од најпознатите и најдобрите италијански изреки!

„Утрото е мајка на работата, а ноќта е мајка на мислите.“

„Малите крадци често висат во присуство на големите крадци.“

„Можеме да го кажеме она што не го знаеме, но не можеме да го дадеме она што го немаме.“

„Еден цвет не прави венец.“

„Бавно чекори за да не се крене прашина.“

„Кој не е нетрпелив, тој не е заљубен.“

„Устата понекогаш често се смее, а срцето поим нема за тоа.“

„Нема свадба без солзи, ниту погреб без смеа.“

„Проклет да е стомакот кој не се сеќава на лебот што го јадел.“

„Не е убаво она што е убаво, убаво е она што нема ни се допаѓа.“

„Да љубиш, а да не бидеш љубен, е како да одговараш, а никој не те ни повикал.“

„Последниот костум се прави без џебови.“

„Љубовта им дава дух на жените, а им го одзема на мажите.“

„Сеќавањето на страдањето двојно ја зголемува среќата.“

„Странски јазик подобро ќе научиш во кујна отколку во училишните клупи.“

„Љубовта е слепа, но гледа надалеку.“

„Онаму каде што недостасува сила, надоместуваме со волја.“

„Подобро е да живееш еден ден како лав, отколку сто години како овца.“