Најдобрите 500 средношколци го полагаат Microsoft Office испит

Град Скопје, донесе одлука да им се овозможи бесплатно полагање на официјалниот Microsoft Office испит на најдобрите 500 средношколци. Поддршката доаѓа откако од јануари годинава Град Скопје склучи договор за партнерство со Microsoft Македонија и Certiadria за организација на национален натпревар Microsoft Office Specialist. Натпреварот е прв од ваков вид, а пријавените имаа прилика да ги покажат своите знаења од областа на апликациите од овој пакет.

Certiadria спроведе квалификациско тестирање на 811 средношколци, од кои дури 565 успешно го поминаа тестирањето. Идејата е да се изберат најдобрите без разлика на нивниот социјален или друг статус и да им се овозможи напредување во областа. За целите на тестирањето беа отворени 5 тестинг центри во училиштата „Раде Јовчевски-Корчагин“, „Орце Николов“, „Георги Димитров“, „Никола Карев“ и „Зеф Љуш Марку“.

Учениците кои успешно го положија испитот се здобијат со признаен сертификат кој ќе има позитивна улога при нивното запишување на факултет или аплицирање за работа. Најдобрите 30 ученици добија директен пласман во финалето на националниот турнир. Победниците од овој турнир ќе имаат прилика да се покажат и на светскиот турнир кој оваа година ќе се одржи по 13-ти пат, во организација на САД.