Најдобриот совет за сите девојки

Драги девојки,

Нема да го задржите ако сте убава. Нема да го задржите ниту пак ако се трудите силно.  Нема да го задржите ни ако сте искрена. Ниту пак ако сте лојална. Или ако се однесувате добро со него. Нема да го задржите ако сакате да бидете со него или пак ако направите што ќе посака.

Вистината е дека не можете да го задржите. Не можете да го задржите ако не сака да биде со вас.

Можете да го сакате најмногу на целиот свет, можете да копнеете по него, можете да дадете сѐ од себе. Можете да го поминете сето слободно време со него. Или пак да му ја дадете слободата која што вели дека ја посакува. Можете да ги имате најдобрите намери, најсилните чувства, најголемите напори.

Но, не можете да го задржите.

Но, не можете да го принудите да биде со вас, не можете да го натерате на тоа. Понекогаш многу лесно е да прочитаме дали некој сака да биде со нас вистински, дали не сака, дали не посакува во неговиот живот, но како да ни одговара да го игнорираме тој факт. Изгледа како да сакаме да се повредиме себеси самите, потоа мислејќи дека другата личност е одговорна за тоа.

Прочитајте го неговото однесување. Прашајте директно. Забележете ги неговите мали дела.

Не можете да задржите еден маж кој не сака да биде со вас. Не му давајте дел од вашето време, пуштете го од себе. Најдете го мирот кој го заслужувате и впрочем, најдете некој кој ве заслужува вас.