Најдобриот совет од мојот дедо: Можев да бидам што ќе посакам, но избрав да бидам добар човек

Иако знаев дека не можам да го задржам во својот живот вечно, сепак не можам да кажам дека не ми недостасува мојот дедо. Ми недостасува секој ден, мојот живот е поинаков откако тој го напушти овој свет. Никогаш нема да ги заборавам неговите зборови, тие моќни лекции кои ќе ме водат низ животот.

Забавувај се

Имам фотографија над фрижидерот во кујна која го покажува дедо ми со огромна насмевка во неговите војнички денови. Тоа тој го практикуваше целиот живот. Ми велеше никогаш да не престанам да се смеам, дури и во најтешките денови да не ја отфрлам насмевката од моето лице.

Ако  е скршено, поправи го

Од него научив да не ги отфрлам работите и луѓето туку така. Тој велеше дека се што е расипано, може да се поправи ако тоа нешто ни значи. Тој ја разбираше вистинската вредност и се трудеше и нам да нѐ научи на тоа.

Покажи им на луѓето како се чувствуваш

Никогаш не ја пропуштај можноста на луѓето да им кажеш и покажеш како се чувствуваш. Те навредиле, кажи им. Ги сакаш, покажи им. Животот е прекраток за да ги чуваме чувствата во себе, без да им го покажеме тоа на другите луѓе околу нас.

Цени го своето здравје

Низ текот на целиот мој живот гледав тој како се грижи за своето здравје. Стануваше од спиење пиејќи лимонада, одеше на спиење јадејќи овошје. Стануваше рано и уживаше во денот. Никогаш не беше поспан, никогаш не беше нерасположен.

Ако имаш можност да избираш што ќе бидеш, секогаш биди добар човек

Од него научив многу лекции, колку е важно да бидеш добар човек. Тој секогаш избираше да им помага на другите. Сакаше да разговара со нив, да ги научи на многу нешта, но и да поднаучи нешто од сите нас.