Најдобриот согорувач на мастите содржи само 3 состојки

Во морето рецепти за слабеење, многу е тешко да се најдат најдобрите и најсоодветните. Луѓето често ги бираат оние кои им се највкусни или пак најлесни за подготовка.

Нутриционистите нудат едноставен рецепт на напиток кој е составен од само 3 состојки.

Мелена пиперка

Јаболков оцет

1 лимон

Мелената пиперка придонесува за полесно варење на храната, забрзување на метаболизмот и го поттикнува топењето на мастите. Лимонот го забавува таложењето на мастите, а неговата кора содржи поликосанол, соединение кое ги согорува маснотиите. Јаболковиот оцет е веќе позната состојка на многу диети, бидејќи ги разлага мастите во организмот.

Начин на подготовка:

Во сад ставете 240 мл вода, па загрејте ја до зовривање. Додадете ја ренданата кора од лимон, потоа оставете да отстои 10 минути за да кората ги пушти своите корисни својства. Потоа додајте 1 лажица јаболков оцет и сок од 1 лимон. На крајот додадете ја мелената пиперка. Измешајте со лажица и оставете да се олади.

Пијте пред и по оброците, а пред секое конзумирање убаво мешајте го напитокот. По желба додајте и лажица мед.