Најдобриот рецепт за среќа кој некогаш ќе го прочитате

Рецепт за среќа:

Земете 12 месеци и добро исчистете ги од горчина, себичност, ситничарење и страв.

Секој месец внимателно исецкајте го на 30 или 31 ден и на тој начин ќе имате доволна залиха за цела година.

Потоа, земете го секој ден посебно и исполнете го следните состојки: 1/3 работа, 1/3 друштвена ведрина и 1/3 хумор, а на сето тоа додајте и три лажички оптимизам, една лажичка трпение, едно зрно иронија и уште една трошка тактичност.

Потоа, сета оваа смеса прелијте ја со ЉУБОВ.

Приготвеното јадење украсете го со букетче од ситно внимание и сервирајте го секој ден, со задолжителна ведрина и конзумирајте го заедно со еден филџан пол со добар и освежителен чај.

Мика Антиќ