Најдобриот рецепт за совршени вафли

Си купивте апарат за правење на вафли и сега ви е потребен идеален рецепт? Пронајдовме еден баш таков за вас. Со овој рецепт секогаш ќе имате совршени вафли!

Речиси и да нема човек кој не ги обожава. Меки се, сочни и се топат во уста. Во комбинација со сладок прелив, џем, чоколадо, сладолед, свежо или замрзнато овошје, вафлите се вистински деликатес на кој никој не може да му одолее. Може да бидат одличен утрински појадок, како за вас, така и за вашите малечки. Но, за секогаш да ви излегуваат совршени мора да знаете неколку трикови за нивната подготовка и да имате еден универзален проверен рецепт.

Состојки:

  • 2 чаши брашно
  • ¾ чаши шеќер
  • 3 лажици прашок за печиво
  • прстофат сол
  • 2 јајца
  • 1 чаша јогурт
  • ½ чаша млеко
  • 1 чаша стопен путер
  • 1 лажица екстракт од ванила.

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво и солта, па измешајте ги со лажица.
  2. Во друг сад со помош на жица за матење измешајте ги јогуртот, млекото, стопениот путер, екстрактот од ванила и жолчките.
  3. Во сад за матење ставете ги белките и изматете ги со миксер за да добиете шлаг. При тоа, важно е да не претерате со матењето.
  4. Во садот со брашно додајте ја смесата со жолчки и млеко, а потоа постепено додавајте ги и белките. Измешајте со лажица додека се добие хомогена смеса.
  5. Загрејте го тостерот за вафли, па со помош на црпалка ставете од смесата. Вафлите печете ги околу 2 до 2 и 1/2 минути или додека поруменат.
  6. Вака подготвените вафли послужете ги со вашиот омилен прелив, мед или јаворов сируп и украсете ги со свежо или замрзнато овошје по свој вкус.