Најдобриот рецепт за чизкејк

Состојки:

125 гр. маргарин

2 дл. млеко

300 гр. мелени бисквити

2 дл. слатка павлака

200 гр. шеќер

250 гр. крем сирење

1 кисела павлака

300 гр. овошје по избор

1 кесичка желатин

Припрема:

Растопете го маргаринот во млекото и додадете ги бисквитите, па смесата ставете ја во калап за торта.

За фил изматете ја слатката павлака со 100 гр. шеќер и додадете го крем сирењето и една кисела павлака. Изматете ја смесата па премачкајте ја врз кората.

Ставете 300 гр. овојше по избор, 100 гр, шеќер и една лажица вода на оган па поклопете го тенџерето и оставете шеќерот да се растопи. Во меѓувреме пригответе го желатинот според упатството на кесичката, па додадете го во тенџерето. Оставете смесата од тенџерето да се растопи, па сипете ја преку филот.

Ставете го чизкејкот во фрижидер да отстои два часа, па послужете. Добар апетит!

nike air max 1 sale