Најдобри чаеви за детоксикација

Еден од наједноставните и најприродните начини за исфрлање на токсинит еод телото можете да ги постигнете со помош на чаевите. Тие не само што го одржуваат доброто здравје на нашето тело, туку и ни помагаат да останеме во добра форма.

Билните чаеви се познати по тоа што ги чистат црниот дроб, цревата, го подобруваат варењето и го зајакнуваат имунитетот.

Зелен чај

Зелен чај е богат со антиоксиданти, има диуретски својства и го забрзува метаболизмот. Тој содржи и кофеин кој го подобрува варењето и затоа се препорачува да се пие секојдневно, дури и по неколку шолји на ден.

Чај од ѓумбир

Овој чај има благотворно дејство на целиот организам. Тој го поттикнува метаболизмот, го подобрува варењето, ја забрзува циркулацијата, го поттикнува здравото потење и исфрлање на токсините преку кожата. Исто така, можете да го користите и за намалување на апетитот, односно за согорување на масните клетки.

Чај од глуварче

Еден од најдобрите чаеви на светот за чистење на телото од насобраните токсини. Тој е одличен избор и за проблеми со кожата. Освен тоа, ја стимулира работата и на органите за мокрење и варење, особено бубрезите и црниот дроб.

Чај од шипка

Тој е богат извор на витамин Ц, но и еден од најдобрите чаеви против бактерии и инфекции. Тој го јакне имунолошкиот систем, ја поттикнува природната одбрана на организмот и ја јакне отпорноста на организмот на многу болести. Поради овошните киселини кои ги содржи, тој делува и на регулирање на столицата.

Планински чај

Овој чај е комбинација на 5 билки,  а најчесто се користи по вежбањето и другите активности кога сакаме на природен начин да ја вратиме изгубената енергија. Тој содржи и големи количини витамини и минерали и го чува нашиот имунолошки систем од настинки и други болести. Познат е и како чај за чистење или подобрување на варењето.