Најдобрата телевизија MaxTV, целосно во HD резолуција и со нови ТВ канали

Discovery и Eurosport повторно се дел од MaxTV програмата Македонски Телеком ќе им овозможи на корисниците да уживаат во најдобрата телевизија MaxTV, со кристална сликавовисока HD резолуција.

Повеќе од 90 канали од стандардна SD, ќе се заменат со HD резолуција, какорезултат на модернизација на платформата со нова технологија.

HD верзиите на каналите ќе бидат дел од стандардната понуда на MaxTV и достапни за сите корисници, независно од технологијата на поврзување.

„Посветени сме да обезбедиме врвно корисничко искуство со најдобрите услуги и најновите технологии. MaxTV е најдобриот ТВ бренд во Македонија, уште од 2008 годинаи лидер на ТВ пазарот, а денес брои над 146 000 корисници. Ова се должи на квалитетот, иновативноста и постојаното збогатување на содржините со нови канали кои отсега ќе бидат во висока HD резолуција“ – изјави Бранко Станчев, Главен комерцијален директор за приватни корисници.

Замената на каналите од SD во HD резолуција ќе се одвива етапно, во следните две недели.

Детален преглед на редоследот на каналите корисниците ќе најдат на MaxTVинфо канал 6 и на telekom.mk. Discovery и Eurosport повторно се дел од MaxTV програмата ТВ понудата на MaxTV ќе се збогати и со нови канали.

На барање на корисниците повторно ќе бидат достапни Discovery Channel,Eurosport 1 и 2, TLC и Travel Channel, во висока HD резолуција за сите корисници на M и L тарифите, а наскоро уште 5 други Discovery канали во L тарифите.

Уживајте во кристална слика и нови содржини на најдобрата телевизија MaxTV.