Најдобра терапија за животните проблеми е да се ослободите од луѓето кои ги создаваат!

Најдобра терапија за голем дел од животните проблем е да се ослободите од луѓето кои ги создаваат! Без оглед на тоа дали се работи за нешто покрупно или за ситница, овие луѓе во сѐ гледаат голем проблем. Не само што го гледаат тоа, туку тие и на вас сакаат да ви го пренесат тоа свое видување, тоа свое доживување, таа своја чудесна фантазија. Што и да кажете или направите ќе помине незабележано и нечуено, затоа што преголем е нивниот фокус на проблемот и тие ќе зборуваат само за тоа и за ништо друго.

Најдобрата терапија за голем дел од животните проблеми е да се оттргнете од луѓе кои претвораат сѐ што ќе видат во проблем. Зошто едноставно кога може да биде комплицирано? Зошто по пократкиот пат, кога може по подолгиот? Зошто да не се оптоваруваш кога можеш да се оптоваруваш? Некои луѓе како потсвесно да уживаат во она што не е нормално и се чини дека овие работи им се секојдневна храна за душата која ја трујат со својот негативен ум.

Не ви требаат такви луѓе, не ви требаат драми во животот, кои и онака ги имате во животот. После секоја негативна мисла ви е потребно опоравување, треба да се фрлите во светот на позитивноста и да го поправате она што тргнало наопаку. Ако и понатаму продолжите да го труете вашиот ум со тој отров, многу потешко ќе ви биде да се вратите во светот во којшто среќата и успехот се природна состојба. Бидете храбри и мудри и отфрлете го она што ве повредува.

Останете сосредоточени на своите соништа и ќе пронајдете начини како да дојдете до нив и нема да барате оправдувања, затоа што за вас тоа ќе биде невозможна мисија. Пуштете ги луѓето кои прават проблеми од сѐ, тоа е нивен проблем. Имајте свој поглед на светот кој не е оптоварен со прогнозите на самопрогласените експерти и песимисти кои го изгубиле својот компас. Кога ќе научите да ги отфрлате работите кои не вредат, ќе видите дека на крајот ќе остане она што го заслужувате, сакате и коешто ви треба.