Најдобра храна за оние кои се физички активни

Храната која ја конзумираме има влијание на тоа како се чувствуваме и како изгледаме. Постојат многу видови на храна, а многу често забораваме на храната и јадеме мрсна и преработена храна. Добрата и здрава храна е особено важна за оние кои се занимаваат со физичка активност.

Банана

Најдобра ужинка за нас. Богата е со калиум, што помага во регулирање на крвниот притисок и е одличен извор на природни влакна. Бананите исто така ја намалуваат болката и напнатоста во мускулите.

Телешко месо

Квалитетното пилешко е одличен извор на цинк и железо. Можете да го сварите и конзумирате така или пак да го додадете во салатите.

Зрнест зеленчук

Зрнестиот зеленчук, како што се гравот, грашокот и леќата се одличен извор на природни влакна (кои го одржуваат нивото на шеќерот и холестеролот во нормала). Богати се и со протеини и фолна киселина, но и витамин Б кој е важен за градење на протеинот и црвени крвни зрнца.

Брокула

Иако постојат многу луѓе кои не ја обожаваат толку многу, сепак брокулата е многу здрава и корисна. Таа е богата со природни влакна и витамин Ц,  но и фолна киселина, калциум, магнезиум и железо.

Кафеав ориз

Кафеавиот ориз е богат со јагленохидрати и тоа двојно повеќе од белиот ориз. Освен тоа, богат е и со цинк, магнезиум, протеини, селен и Б6 витамини.

Сок од морков

Ова е одличен извор на бета каротен, кој е одличен борец против ракот и игра голема улога во нашето здравје. Освен тоа, сокот од морков е супер извор на витамин А  и има моќ да го заштити имунолошкиот систем од разни бактериски и вирусни инфекции.

Пилешко месо

Пилешкото месо има само 3 грама масти и содржи витамин Б6, железо, цинк.

Сушено овошје

Бидејќи поголемото количество на вода од нив е отстранета со сушењето, тие се одличен избор на енергија и железо – минерал кој ја спречува анемијата.